Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе ја претстави стратегијата за образование 2026-2032 на валидациска работилница во Владата, на која ќе учествуваат претставници од домашни и меѓународни институции и партнерски организации. Стратегијата, изработувана во изминатите шест месеци, ќе биде објавена на владиниот ЕНЕР систем, со цел пошироката јавност да има можност да учествува во финализирањето и усвојувањето на документот. Со оваа стратегија се предвидува продолжување на развојот на националниот образовен систем, со нови насоки и политики кои ќе го обликуваат образованието во земјата во период од шест години.
Стратегијата за образование 2026-2032 – продолжување на развојот на националниот образовен систем
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
