Откако Антикорупциската комисија во годинешниот извештај на Европската Комисија, сама си намали оценката поради намалена активност, нетранспарентност и обвинението за екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска- Собранието после изборите ја продолжи постапката за нов претседател.
Најмногу поени има Адем Чучуљ, актуелен генерален секретар на Комисијата. Во КОД вечерва за историјатот на Антикорупциската комисија, а соговорниците кои ја воделе ДКСК велат дека за борба против корупцијата која ја прават функционери на власт, потребен е интегритет и храброст.
Во КОД за најголемите политичко-партиски случаи кои ги откри Антикорупциската комисија, но и за пропустите кога наместо борба против корупцијата, антикорупционерите правеа лакрдии.
Во емисијата и интервју со Дијана Хрга, жената која во Белград штрајкуваше со глад во спомен на синот кој загина во трагедијата со натсрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Иако имаше притисоци, таа не се откажа од борбата против режимот на Вучиќ. КОД е по вечерните вести на Телма.
