Народната изрека „на еден да му се стемни за на друг да му се раздени“ во целост се исполнува кога општина Тетово носи урбанистички одлуки. Иако еднаш го отфрлила решенеито за градба, истата служба понатмау носи спортивна одлука. Па така Живка Велјановска и соседот останаа без дневна светлина заради изгрдаба на зграда.
Во оваа соба нема дневна природна светлина поради новоизграден објект до куќата на Живка Велјановска, за кој таа алармира дека институциите носеле контрадикторни решенија.

За новоизградениот објект, општина Тетово дала одобрение за градба кое е поништено од Министерството за транспорт и врски. Потоа соседот побарал ново второ одобрение за градба од општината кое било прифатено и од второстепена комисија во Министерството, иако е евидентно дека по изградбата нема минимално задолжително растојание и целосно е блокирана природната светлина на прозорецот.
Велјановска го има обжалено второто одобрение пред Управен суд и пред Виш управен суд, но веќе шест месеци нема одлука.
- „Освен што се соочуваме со неправда има и постојани проблеми и закани од соседот“, вели таа. Инспекција сме повикале и полиција и све надлежни институции, нема кај не смо биле никој ништо не ни помага, никој. Се вртиме во лавиринт. Ни изгради објект позади, ни затвори прозири, ја исече стреата, куќата ни ја разниша, олуците ги оштети, чатија треба да се направи. Не не пушта да исчистиме горе оџак, паѓаат ќерамиди“.
Побаравме, но не добивме образложение од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски како е можно за истиот предмет еднаш да не се дозволува градба, а со второто барање да му се одобри градењето на соседот на Велјановска.

Нивните одговори се темелат на тоа дека со документацијата е се во ред, но нема одговор што е со фактичката состојба на самото место каде нема минимално растојание.
- Што се однесува за предметoт бр.10-331/2023 истата е во тек до завршување на жалбената постапка согласно одредбите од Законот за општата управна постапка – Општина Тетово
И од Министерството за транспорт и врски со сличен одговор за втората постапка.
- Во однос на втората постапка, постапувајќи по Законот за општа управна постапка и по увид на целокупната документација, Министерството за транспорт ја одби жалбата на физичкото лице, а во однос на издаденото Одобрение за градење од страна на општина Тетово. За конкретната постапка, Управниот суд ја потврди одлуката на Министерството за транспорт со кое се одбива жалбата на барателот.

Велјановска и соседот се сопственици на по еден кат во двокатна куќа со посебни влезови и дворови пред и зад објектот. Се води и судски спор и за физичка делба на куќата.
Александар Самарџиев
Б.С.
