Вести Македонија

Општина Тетово доби нов претседател на Советот

По повеќе од еден месец по локалните изборите за нови советници се комплетираше локалната самоуправа во Тетово со избор на претседател на Советот. По изборите на 19 октомври, советниците уверенијата ги добија на 5 ноември, а избран претседател на 21 ноември.

Воедно градоначалникот Биљал Касами информираше дека именувал и негов заменик, а тоа е Аљби Ќамили кој беше носител на листата со кандидати за советници на коалицијата „Вреди“.

Избраниот претседател на Советот е Јусуф Абдули кој беше втор на листата со кандидати за советници.

Советникот Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“ оцени дека станува збор за политички пазарења па затоа по еден месец се одржа конститутивната седница.

  • „Ние како граѓани мислевме дека пазарењето е меѓу ВЛЕН и ВМРО, сега на крај испадна дека пазарењето било само меѓу ВЛЕН внатре.  Тие секогаш кога доаѓа времето за собирање гласови се соединуваат, меѓутоа, кога доаѓа работа за поделба на позициите, тогаш се дисперзираат и гледаме дека на носител на листа му е  дадено една функција што не постои во легислативата заменик претседател на општината, туку човек што од друга партија не е од партијата на Касами денеска е избран за претседател на совет“, рече Агрон Арифи.

Новиот претседател на Советот го избраа 16 од 31 советник. За гласаа 13 советници на коалицијата Вреди и тројцата од ВМРО ДПМНЕ. Според новиот претседател не е спорно тоа што по еден месец е извршен изборот.

  • Па еве се консолидираше, немаше проблеми, но денеска беше денот, рече Абдули.

Градоначалникот Касами е убеден дека соработката со советот ќе биде добра.

  • „Ќе бидам во служба на одлуките на советот кои ќе бидат во правец на реализација на тоа што е ветено на последните локални избори се со цел Тетово после 4 години да биде подобра општина и подобар град за живеење“ рече Касами.

Советот на Општина Тетово освен од коалицијата Вреди и ВМРО ДПМНЕ, го сочинуваат и 12 советници од коалицијата Национална Алијанса за Интеграција (НАИ). По еден советник имаат Левица, СДСМ и граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе