Вести Македонија Најважни

Поплавени над 50 куќи во општина Ресен, како и визби и земјоделски површини

Како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, со што се поплавени над 50 куќи во општина Ресен, како и магацински простори, визби и земјоделски површини.

Ангажирани се екипи на јавни претпријатија и приватни фирми со вкупно 4 багери, 7 пумпи и повеќе приватни пумпи за црпење на вода. На регионалните патишта има наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет, соопштуваат од ЦУК.

Нивото на Голема Река е 2,1 м со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква.

ЈКП „Пролетер“ известува за нарушен квалитет на водата – привремено не се препорачува за пиење.

(Видео) Големи поплави во преспанскиот регион – ЦУК алармира за можно излевање на Голема Река

Општина Битола пријавува повеќе интервенции:

– ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава.

– ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари.

– На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот.

– ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска река (Доленци–Лера).

– Ангажирана е целата механизација, екипите остануваат на терен и во текот на ноќта.

– Поради вода на коловоз, затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари.

– Нивото на р.Црна е зголемено на 2,7 м (во 15:30 ч).

– ЈКП Водовод – Битола работи на дефект што предизвика прекин на водоснабдување од Кравари до Меџитлија.

– Преку Е-112 пријавени се повеќе поплави на подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање на канали.

Општина Демир Хисар: излевање на р.Црна кај с.Жван со поплавени земјоделски површини; екипите расчистуваат одрони на локалните патишта Базерник и Вирово – двата правци се проодни.

Општина Прилеп: преку Е-112 пријавено паднат таван на куќа на ул.„Кајмакчалан“, како последица од дождовите; известени надлежните служби.

РЦУК – Охрид: извршени повеќе интервенции на поплавени домови; по престанокот на дождот состојбата е стабилизирана, но реките и понатаму се на високо ниво.

РЦУК – Куманово:

– Во Крива Паланка и Кратово екипите расчистуваат повеќе одрони на регионалните патишта.

– Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, без пријавени излевања.

РЦУК – Скопје: нивото на реките е покачено, но состојбата е под контрола и без излевања.

РЦУК – Струмица: пријавени три одрони на патот Струмица–Валандово кои се веднаш проследени до надлежните служби.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе