Вести Свет

Претседателот на Боливија го укина министерството за правда – вели дека се користело за продажба на пресуди

Претседателот на Боливија, Родриго Паз го укина министерството за правда, иако првично најави смена на министерот по откритието дека криел една кривична пресуда.

Паз пред новинарите го повторно неговото предизборно ветување дека ќе го укине министерството, тврдејќи дека е левица која 20 години била на власт до неговата инаугурација на 8 ноември.

„Денеска држам збор. Министерството за прогон е завршено, министерството за неправда е завршено, министерството кое е користено за продавање на пресуди е завршено“, изјави Паз.

Неговата изјава дојде по само неколку часа од објавување на декретот за именување Хорхе Франко Гарсија за министер за правда на местото на Фреди Видовиќ. Министерот за внатрешни работи Марко Антонио Овиедо откри дека Видовиќ во 2015 година бил осуден на три години затвор и затоа не е подобен да извршува јавна функција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе