Вести Економија Свет

На сила стапуваат санкциите на САД кон „Лукоил“ и „Роснефт“

Санкциите што ги воведоа САД врз руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, објавени од Министерството за финансии во октомври, стапуваат во сила денеска.

САД ги ставија Лукоил и Роснефт, како и десетици нивни подружници, на списокот на специјално назначени лица на ОФАЦ.

Според Вашингтон, санкциите имаат за цел да го зголемат притисокот врз Кремљ поради недостатокот на сериозна посветеност на Русија кон мировниот процес во Украина.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека администрацијата е подготвена да преземе дополнителни чекори доколку е потребно.

Бигарските медиуми потсетуваат дека парламентот во таа земја донесе закон со кој се дозволува назначување на специјален менаџер во рафинеријата Лукоил во Бургас, со цел да се обезбеди континуитет на работата по 21 ноември.

САД одобрија ослободување од одговорност за бугарските компании поврзани со Лукоил, кое важи до 29 април 2026 година, и овозможува нормално работење на рафинеријата во Бургас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе