Вести Македонија

Георгиев: СДСМ е во морална, персонална и идеолошка криза, но не и во егзистенцијална

СДСМ во овој момент е во трикратна, четирикратна криза, рече Гордан Георгиев од Форум за разумни политики во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Првата е морална криза, ако сакате и криза на „што правиме понатаму, каде одиме“, втората е персонална, бидејќи гледаме дека има флуктуација на луѓе, излегуваат – влегуваат, го оспоруваат легитимитетот на лидерот, итн. и трета е идеолошка. Ако зборуваме за идеологија денес во 2025 година или криза на приказна. Но, СДСМ не е во егзистенцијална криза, според мене, и мислам дека не треба, не смее да биде во таква криза“, смета Георгиев.

Објасни и зошто го мисли тоа.

„Бидејќи во вака концентрирана моќ, во ваков домашен, регионален и светски контекст, на било која влада ѝ треба здрава опозиција и тоа не е флоскула. Бидејќи разумни луѓе од оваа страна, разумни луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, од власта, и пристојни луѓе, не блефираат кога го велат тоа. Разумни луѓе повикуваат на таков тип на комуникација меѓу власта и опозицијата“, истакна Георгиев.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе