Вести Македонија Топ вести

Јаневска се надева дека проблемот со глувците во домот „Пелагонија“ веќе е надминат

Со оглед на тоа што се случуваше со отпадот во главниот град не можам да кажам дека е добро, но сепак е очекувано. Вака министерката за образование и наука Весна Јаневска ја коментира состојбата со глувците на кои сведочеа студентите во домот „Пелагонија“.

Студентите споделија и видео со кое можеше да се види дека намножените глувци се шетаат низ ходниците со што се директна закана по нивното здравје.

  • Веднаш после тоа е направена дератизација и се надевам дека директорот заедно со Градот ќе превземат уште нешто затоа што се контејнерите каде што се одлага сметот се во близина на студентскиот дом, а таму не само од студентскиот дом, туку и други граѓани од околните згради тоа го прават. Искрено се надевам дека овој проблем веќе е надминат – Весна Јаневска, министерка за образование и наука.   

Во однос на поплаките на студентите дека во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со нефункционални лифтови, па така имало период кога во блок Г не функционирал ниту еден од двата лифта, Јаневска смета дека се работи на решение.

  • Во однос на останатото имаме ново раководство неколку месеци запознаени сме со проблемите, но во овој момент сметам дека е релативно подобрена ситуацијата, затоа што за разлика од претходниот период кога секојдневно студенти се јавуваа и пишуваа и барем сега таа ситуација е потсмирена и јас се надевам дека со тек на време ќе ја донесеме да биде така како што треба, вели Јаневска.

На прашањето кога ќе биде вселив студентскиот дом „Кузман“ кој е затворен повеќе од две години Јаневска со став дека функционирањето е пролонгирано поради фактот дека погорните спратови се разликуваат во споредба со долните и оттука по консултации со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС ) конструкцијата на горните спратови треба да се зајакне со додавање на метални делови, се во интерес на безбедноста на студентите.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе