Со оглед на тоа што се случуваше со отпадот во главниот град не можам да кажам дека е добро, но сепак е очекувано. Вака министерката за образование и наука Весна Јаневска ја коментира состојбата со глувците на кои сведочеа студентите во домот „Пелагонија“.
Студентите споделија и видео со кое можеше да се види дека намножените глувци се шетаат низ ходниците со што се директна закана по нивното здравје.
- Веднаш после тоа е направена дератизација и се надевам дека директорот заедно со Градот ќе превземат уште нешто затоа што се контејнерите каде што се одлага сметот се во близина на студентскиот дом, а таму не само од студентскиот дом, туку и други граѓани од околните згради тоа го прават. Искрено се надевам дека овој проблем веќе е надминат – Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Во однос на поплаките на студентите дека во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со нефункционални лифтови, па така имало период кога во блок Г не функционирал ниту еден од двата лифта, Јаневска смета дека се работи на решение.
- Во однос на останатото имаме ново раководство неколку месеци запознаени сме со проблемите, но во овој момент сметам дека е релативно подобрена ситуацијата, затоа што за разлика од претходниот период кога секојдневно студенти се јавуваа и пишуваа и барем сега таа ситуација е потсмирена и јас се надевам дека со тек на време ќе ја донесеме да биде така како што треба, вели Јаневска.
На прашањето кога ќе биде вселив студентскиот дом „Кузман“ кој е затворен повеќе од две години Јаневска со став дека функционирањето е пролонгирано поради фактот дека погорните спратови се разликуваат во споредба со долните и оттука по консултации со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС ) конструкцијата на горните спратови треба да се зајакне со додавање на метални делови, се во интерес на безбедноста на студентите.
Нина Стефанова
Б.С.
