Вести Свет

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова синоќа изјави дека Москва не планира да го нападне НАТО, но предупреди дека на секој напад од Алијансата ќе одговори со сите достапни средства.

Таа коментирајќи ја изјавата на германски генерал за подготвеноста на НАТО за војна со Русија, истакна дека претставниците на Алијансата секојдневно водат „координирана кампања на психолошка подготовка на населението за судир, користејќи ја Русија како жртвено јагне за внатрешни проблеми“.

Доколку меѓу стратезите на НАТО се појави таква луда идеја, напад врз нашата земја, тие не треба да се сомневаат дека ќе одговориме користејќи ги сите расположливи средства. Руското раководство редовно го ова го кажува, посочи Захарова.

Таа додаде дека „Русија е подготвена за секакво сценарио и секогаш дава приоритет на мирот, пријателството и еднаквата соработка“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе