Американскиот претсдетел Доналд Трамп изјави дека ќе го тужи британскиот јавен сервис, откако БиБиСи му се извини за неумесното едитирање на неговиот говор на 6 јануари 2021, но одби да му исплати компензација.
Зборувајќи со новинарите во претседателскиот авион, Трамп рече дека тужбата најверојатно ќе биде поднесена следната недела, и од БиБиСи ќе бараат компензација помеѓу 1 и 5 милијарди долари.
Морам да гонаправам тоа, тие мамеа, ги сменија зборовите кои јас ги изговорив, изјави Трамп.
Британскиот јавен сервис претходно му се извини на американскиот претседател, посочувајќи дека со спорната видео монтажа била направена ненамерна грешка создавајќи перцепција дека Трамп повикува на насилство.
БиБиСи се извини, но одби да плати компензација, како што бараше Трамп.
