Изјавите на политичарите, конкретно и на премиерот денеска, недвосмислено претставуваат притисок и мешање во судската власт, што не смее да се дозволи, рече Александар Камбовски, претседател на Судски совет, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, кој патем се повика и на најновиот Извештај на Европската комисија.
„Уште кога е промовирана оваа идеја за поделба на власта, зборуваме од 18 век и француските филозофи, па до нејзино највисоко имплементирање, во Уставот на САД идејата била да не постои еден човек, едно лице, еден политичар кој што ќе биде апсолутен владар во една држава. Токјку тоа е суштината на оваа идеја, да се направи поделба на таа власт, да нема ниту еден таква голема моќ, таква централна моќ во него. И овие три власти се должни, се обврзани да соработуваат меѓу себе“, истакна Камбовски во однос на извршната, на законодавната и на судската власт.
Камбовски верува дека има можност за соработка меѓу извршната, законодавната и судската власт и покрај изјавите од премиерот.
„Од наша страна има, верувам дека има и од страна на извршната власт, затоа што и извршната и судската власт верувам дека имаме иста желба, иста цел – оваа државата еднаш-засекогаш да тргне напред и да зборуваме за некои други проблеми кои што повеќе прилегаат на развиени земји од западниот свет кон кои што ние се стремиме на отидеме. Доколку не го сакаме ова уставно уредување што го имаме во моментот, политичарите може да се договорат, тие се претставници на народот, доколку сметаат, може да го променат уставот, да ја укинат судската власт, може да ја уникат законодавната власт, може да воведат некој трет систем. Дали е тоа добро решение, јас мислам не“, нагласи Камбовски.
С.Д.
