Вести Економија Македонија Топ вести

(видео)Наумоски во Топ Тема: За целосна дигитализација потребно е јавна платформа, регулаторни промени, образование и сајбер безбедност

Синиша Наумоски од „Хајделберг факултет Скопје“ на прашањето, дали економијата може да биде дигитална ако администрацијата не е, во вечерашната Топ Тема истакна дека не може и дека мора да одат паралелно.

  • Администрација, тоа се членски на системот, односно една економија ја сочинуваме сите и граѓаните и компаниите. Ако тоа не оди паралелно нема успех, вели Синиша Наумоски – „Хајделберг факултет Скопје“.

Вистинското прашање, според него, е како би можеле да имаме добра дигитална економија која што ќе биде модерна, добра, отпорна и т.н. само со паралелни инвестирања или унапредувања.

  • Јас неколку дена анализирав меѓународни економисти од повеќе стручни и официјални тела во светот и сите имаат општ консензус – дигиталната трансформација бара паралелно инвестирање во четири области: прво, мора да има јавна платформа; второ, регулаторни промени; трето, образование на работната сила и четврто, сајбер безбедност, рече Наумоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе