Вести Економија

Мојсовска во Топ Тема: Капацитет на државата за справување со конкурентскиот притисок на унијата бележи многу послаби резултати

Дали политичкиот ќорсокак во евроинтеграциите се повеќе е изговор за неспроведените реформи?Каде исчезнуваат заложбите дека со реформски зафати “ќе ја носиме Европа дома”? ова се само дел од прашањата на кои се дебатира во вечерашната Топ Тема по добиениот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија.

  • Во економскиот дел, првиот критериум постоење функционална пазарна економија, тука сме најнапредни меѓутоа тоа од некој минат труд од претходно воспоставување на регулаторни тела, институционална рамка, од воспоставување на законодавна рамка. Но, вториот критериум капацитет на државата за справување со конкурентскиот притисок на унијата бележи многу послаби резултати затоа што тука се гледа моќта на економијата на нашето стопанство да излезе на пазарот на ЕУ и да се бори со таа конкуренција. Тука имаме уште многу да напредуваме. Првиот кластер е претпоставка за ние да станеме сериозен економски партнер и сериозна дестинација за странски директни инвестиции. Ако тоа го нема ние може да очекуваме ќе напредуваме како многу мала држава која е зависна од странските пазари, која е зависна од трговијата, бидејќи едното и другото се многу поврзани, истакна во вечерашната Топ Тема проф.д-р. Силвана Мојсовска од Економски институт.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Македонија е во релативно статична ситуција по две години од промена на власта, премиерот и владата го игнорираат Преспанскиот договор како што и рекоа

Sasko Dimovski

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе