Вести Македонија

Вакцинацијата е во тек, а бројот на заболени од грип е зголемен во споредба со минатата сезона

Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје.

– За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.

Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Гостивар – 20, Куманово – 15, Прилеп – 7, Тетово и Радовиш – по 5, Струмица и Македонски Брод – по 2, според податоците на ИЈЗ.

– Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години – 5, од 5-14 години – 2 лица и од 0-4 години – едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, потенцираа од ИЈЗ.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.

Од ИЈЗ потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи – согласно препораките на СЗО: постарите лица – над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

– Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 31.289 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини, додадоа од ИЈЗ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе