Ураганот Мелиса, кој предизвика огромни штети на Јамајка откако вчера како ураган од петта категорија со разорни ветришта од 290 км на час го зафати островот, продолжува да пустоши во поширокиот регион.
Најмногу човечки жртви има на сиромашните Хаити, каде според последните информации, невремето досега однело 40 човечки животи, меѓу нив и деца.
На удар на ураганот, сега од трета категорија, но се уште со силен ветар od 185 км на час, сега е Куба.
Властите на Куба евакуирале повеќе од 700 000 луѓе во засолништа. По Куба, доцна вечера, ураганот Мелиса ќе продолжи кон Бахамите.
На Јамајка, допрва ќе треба да се врши проценка на штетата, иако првичните вести се дека ураганот, кој со себе донесе поројни дождови и ветришта кои ги корнеле дрвјата и покривите од зградите, предизвикал уништување чија санација ќе биде долготрајна.
Најмалку 15 000 луѓе се во засолништа на Јамајка а околу 540 000 лица се уште се без струја.
„На жителите на Јамајка и владата на Јамајка ќе им биде поддршката на сите нас, за да се вратат во состојба на нормалност. Сето ова, немаме сомнеж, ќе трае подолго време“ – изјави Денис Зулу, постојаниот претставник на ОН за Јамајка.
Н.И
