Музичкиот хит креиран и посветен за Максим Димитриевски кој доби бројни реакции на социјалните мрежи и ги развесели граѓани во текот на изборната кампања е избришан од платформата „Јутуб“ каде беше објавен од креаторите.
Засега не се знае дали станува збор за пријава за авторски права, кршење на правилата на „Јутуб“ или пак така одлучиле самите автори.
На скоро сите социјални медиуми песната стана популарна и споделувана од мноштвото на корисници кои преку видеа, но и танц ја комбинираа.
Песната е дело на група граѓани од ромската заедница во Куманово, кои му изразија благодарност на Димитиревски за неговиот досегашен придонес, но и поддршка во изборната кампања.
(Видео)Ромите во Куманово му посветија песна на Максим Димитриевски во знак на благодарност
Т.Д.
