Четворица убиени во училишниот кампус во американската држава Мисисипи. Пукањето се случило во период кога присутните се враќале од фудбалски натпревар, но полицијата не открива дали жртвите се ученици.
Полицијата трага по 18-годишен маж поврзан со со пукањето, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Џаспер.
Шерифот пак побара секој што има информации да го контактира началникот на полицијата или канцеларијата на шерифот.
Повеќе информации надлежните најави за наредните денови.
Инцидентот се случил во мал град со околу 640 жители, сместен на 137 километри југоисточно од главниот град на државата Мисисипи, Џексон.
