Медицинскиот и спа турзмот во Македонија имаат потенцијал да се развиваат и да стигнат на ниво на европските бањски центри, но потребно е и државата да помогне за да се искористат потенцијалите на природата. Македонските бањи се посетени, се инвестира во сместувачки и спа капацитети, но да се стигне до нив честопати е невозможна мисија. Лоша инфраструктура, недоволна сигнализација, речиси никаква организирана промоција. Патот до бањата во Банско води ни тесни селски патишта, честопати преоптоварени со сообраќај поради обврските што ги имаат луѓето по полето од околните населени места.
- „Поддршката од државата е клучна ако сакаме бањскиот утризам во Македонија да стане препознатлива туристичка дестинација. Пред сѐ неопходно е државата да го промовира бањскиот утризам на меѓународни саеми, промоции и слично. Исто така треба да се инвестира во инфраструктурата, сигнализацијата и слично. За да може туристите полесно да стигнат до саканите дестинации“, вели Верица Алаѓозовски, менаџер на медицина во Цар Самуил, Банско.
Во струмичката бања Банско температурата на термалната вода на изворите достигнува 73 степени целзиусови. Бањата има многу бенефити за здравјето на луѓето, но хотелите во овој центар бележат и зголем број гости од странство. Сметаат дека со соодветна стратегија, земјата може да има сериозни приливи во буџетот.
- „Во последните години забележуваме зголемување на бројот на пациенти и клиенти и ни дава мотив да ги згилемуваме услугите што ги нудиме. Иако пред се интересот е голем за физикална терапија и медицински третмани, исто така доаѓаат и туристи кои бараат и релакс третмани, спа третмани како и луѓе кои сакаат да го јакнат здравиот живот и да најдат мирно место за одмор“, додава Алаѓозовски.
И локалното население се надева на развој на спа турзмот. Сметаат дека повеќе гости ќе донесат развој и на локалната економија-отворање нови работни места, зголемена продажба во трговските дуќани. Општините од регионот, пак, со години размислуваат за збогатување на туристичката понуда со посета на другите природни убавини под Беласица-мокринските извори и водопадите, но засега не понудиле утврдени рути кои се промовират преку туристички агенции и оператори.
Сузана Мицева
Б.С.
