Вести Економија Топ вести

Пуцко Петрол и уште три фирми треба да платат 650 илјади евра за непочитување на договорите за фотоволтаици

На Пуцко Петрол и уште три компании Сол Груп 5 Скопје, ЕМК ДОЕЛ Мали хидроцентрали, СБН Енерги Кичево кои сакале да градат фотонапонски централи им се активирани банкарските гаранции во вредност од над 650 илјади евра. Како што тврдат од Министерството за енергетика тие не ги почитувале обврските во договорот,  односно не ги изградиле централите во утврдениот  рок, а не ги посочиле ниту причините поради кои имале застој во процесот.

Тоа се е регулирано со договорите кои ги склучуваат за користење на премиите имате обврски. Во моментот кога не биле исполнети обврските пристапуваме ги наплаќаме гаранциите, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска

Од енергетика тврдат и дека добиле и најава за нова когенеративна гасна централа. Во моментов ваква централа која произведува и струја и парно е ТЕТО, но со таков план е и турската групација АКСА која втор пат се обидува да влезе на домашниот енергетски пазар откако тоа не го направија со претходната владина гарнитура. За новиот нарачател пак кој има намера да гради гасна централа тука од Министерството за енергетика без многу детали. Соопштија само дека моќноста би била 495 мегавати.

Од документите што ги видовме ова се прелиминарни има едно барање за 495 мегавати за когенеративна централа тоа е она што го знаеме во оваа фаза. До 15 октомври ќе имаме повеќе детали за сите што поднеле иницијатива, додава Божиновска

Од енергетика соопштија и дека во меѓувреме се раскинати 46 концесии за ископ на руда затоа што не ги почитувале договорите и еколошките мерки. Последната концесија која била одземена била за реонот Гази Баба.

Исто така, поради лошо срочен превод член во Законот за минерални суровини бил лошо протолкуван. Па, така излегуваше дека државата ќе ги иселува оние под чии имот проаѓа стратешки минерален под. Од министерството тврдат дека членот повеќе не е дел од документот. За законот имало и доста забелешки,  дел од нив се издржани и ќе бидат вметани, а целосно се очекува да биде готово до крајот на годинава.

Ирена Чачкова 

Б.С.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе