На Пуцко Петрол и уште три компании Сол Груп 5 Скопје, ЕМК ДОЕЛ Мали хидроцентрали, СБН Енерги Кичево кои сакале да градат фотонапонски централи им се активирани банкарските гаранции во вредност од над 650 илјади евра. Како што тврдат од Министерството за енергетика тие не ги почитувале обврските во договорот, односно не ги изградиле централите во утврдениот рок, а не ги посочиле ниту причините поради кои имале застој во процесот.
Тоа се е регулирано со договорите кои ги склучуваат за користење на премиите имате обврски. Во моментот кога не биле исполнети обврските пристапуваме ги наплаќаме гаранциите, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска
Од енергетика тврдат и дека добиле и најава за нова когенеративна гасна централа. Во моментов ваква централа која произведува и струја и парно е ТЕТО, но со таков план е и турската групација АКСА која втор пат се обидува да влезе на домашниот енергетски пазар откако тоа не го направија со претходната владина гарнитура. За новиот нарачател пак кој има намера да гради гасна централа тука од Министерството за енергетика без многу детали. Соопштија само дека моќноста би била 495 мегавати.
Од документите што ги видовме ова се прелиминарни има едно барање за 495 мегавати за когенеративна централа тоа е она што го знаеме во оваа фаза. До 15 октомври ќе имаме повеќе детали за сите што поднеле иницијатива, додава Божиновска
Од енергетика соопштија и дека во меѓувреме се раскинати 46 концесии за ископ на руда затоа што не ги почитувале договорите и еколошките мерки. Последната концесија која била одземена била за реонот Гази Баба.
Исто така, поради лошо срочен превод член во Законот за минерални суровини бил лошо протолкуван. Па, така излегуваше дека државата ќе ги иселува оние под чии имот проаѓа стратешки минерален под. Од министерството тврдат дека членот повеќе не е дел од документот. За законот имало и доста забелешки, дел од нив се издржани и ќе бидат вметани, а целосно се очекува да биде готово до крајот на годинава.
Ирена Чачкова
Б.С.
