Вести Македонија Топ вести

Телма репортажа од Боговиње- има нови асфалтирани улици, но проблемот со водата не е решен

Речиси ништо не укажува дека во тек е предизборна кампања, ги нема вообичаените билборди, висечки натписи и постери со ликовите на кандидатите за градоначалници или советници додека се движите од Тетово преку регионалниот пат низ неколкуте села кои се дел од Општина Боговиње.

Во текот на саботното претпладне кога го посетивме општинскиот центар, во селото Боговиње луѓето ни рекоа дека тука добро се живее, но сепак проблеми има, и тоа со елементарните потреби како што е водата за пиење и инфраструктурата.

  • Мислам дека општината Боговиње од претходните градоначалници има поместување на подобрите услови за живот, нормално асфалтирање, има нови улици и многу други работи што се направени, но сепак најголем проблем во општината се гледа и дека е недостаток на вода на пример во Боговиње сега има рестрикција на водата веќе 3-4 години.  Ако претходно немаше таков проблем. Но тоа е и Господова рака значи.Тој извор што го имавме ние добар веќе пресуши и сега треба нови алтернативи да се најдат за вода- Елмир Сејфулаи.
  • Водата кај нас, еве веќе кај нас, недостига вода. За Боговиње зборам, за друго село не. И за Палчиште нема исто- велат граѓаните.
  • Вода фали, ние сме на Шара еве карши нас е Шара, значи замисли живееме на Шара, Шар планина и немаме вода. Пред неколку години направија канали нешто за да имаме повеќе литража во секунда во село наше Камењане, но и тоа сега не е доволно – Дитурим Џеладини.

Потребно е зголемување на канализационата мрежа, асфалтирање нови улици, справување со градежниот отпад, дивите депонии и слично. Со ова, ова рурално подрачје ќе биде подобро место за живеење, велат мештаните.

  • Сега што фали? Фали, се фали. Џабе да кажам. Најдобриот нека победи за градоначалник,тоа е здраво, велат граѓаните.
  • Како општина е многу развиена во смисол на компаниите, фирмите што работат, има индустриска зона, веќе вработувања во приватниот сектор не се проблем, значи жителите живеат економски добро, не се во лоша состојба, но сепак треба да се подобрат условите и инфраструктурни уште малце. Канализацијата што е почната да се заврши да се приклучуваат во домаќинствата, во канализацијата и ќе останат уште многу малце работа. Можеби полека ќе почнеме да се занимаваме со детали на убавината на населението во општина. Нормално, треба да се најде и решение за овие тврди отпади што се зашто многу се гради и тие тврдите отпади имаат проблеми и се фрлаат на некои места што не треба да се фрлаат- Елмир Сејфулаи.
  • Треба малу да се поправат патиштата, пошто ги искршиле сега со ова канализациите, што ги направиле, треба да се поправат мало, иначе добро е, велат граѓаните пред камерата на Телма.

Општина Боговиње има голем број, дури 16 села. Мештаните се надеваат дека општината во иднина што повеќе ќе ја користи и местоположбата на селата кои се наоѓаат на средината од автопатот Тетово-Гостивар и има неколку директни приклучоци, па тоа ќе биде основа за уште поголем општествен и економски развој.

Александар Самарџиев

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе