Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги преживеа двете гласања за доверба, поднесени од крајно левичарските и крајно десничарските групи во европскиот парламент. Ниту еден од предлагачите не успеа да собере две третини, односно 360 гласа потребни за фон дер Лајен да ја напушти функцијата.
Предлогот на Левицата доби поддршка од 133 пратеници, 383 беа против, а 78 европаратеници гласаа воздржано. Вториот предлог поднесен од Патриотите за Европа беше отфрлен со 179 гласови „за“, 378 против и 37 воздржани.
- „Ни треба мнозинство од членовите кои го сочинуваат Парламентот и две третини од дадените гласови за да го усвоиме предлогот за недоверба. Тоа е она што е потребно. Затоа преминуваме на гласање со поименично гласање, гласањето е отворено. Гласањето е затворено. И се отфрла, па ќе го известам претседателот на Советот и претседателот на Комисијата за резултатот од гласањето“ – Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.
Двете одвоени иницијативи ја обвинуваат Фон дер Лајен за „трговско предавство“ за договорот потпишан со САД, и порачаа „ ја потпишавте капитулацијата на Европа“, потоа и за вазалска позиција на Унијата кон САД, со обвинување дека е „соучесник во геноцидот во Газа“. Тие се на ставот дека миграцијата „експлодирала“ под нејзинот водство и дека се закана за „идентитетот и безбедноста“ во унијата. Велат дека таа ги напуштила земјоделците и потрошувачите, загрозувајќи ја безбедноста на храната со проеколошки политики.
Но, претседателката на ЕК денеска доби поддрша од нешто повеќе пратеници, за разлика од претходното гласање пред три месеци.
За Фон дер Лајен ова е трето гласања за недоверба за една година откако го започна својот втор 5-годишен мандат на чело на моќната извршна власт на ЕУ. Таа е првата претседателка на комисијата што се соочила со такви гласања за повеќе од една деценија.
Денеска Фон дер Лајен беше поддржана од големите проевропски центристички групи за време на гласањето во Стразбур, Франција, кои го имаат мнозинство во собранието и ги обвинуваат маргиналните групи од левицата и десницата дека ги користат предлозите за неодобрување за освојување политички поени.
Но, гласовите беа и громобран за критиките кон фон дер Лајен – која го предводеше движењето на ЕУ за наоѓање вакцини за граѓаните на сите 27 земји за време на пандемијата – и нејзината централно-десничарска Европска народна партија, која е најголемото политичко семејство во собранието.
Билјана Ставрова
