Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште, на ново рочиште во судот.
Тројцата обвинети на претходното рочиште ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Според обвинението, тие од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при што непрописно го складирале и транспортирале отпадот, создавајќи диви депонии.
Пожарот што избувна на дел од локацијата дополнително го привлече вниманието на надлежните институции. За ова дело е предвидена казна затвор од три месеци до три години.
