Вести Македонија Топ вести

ДУИ стиска „пауза“ на кампањата поради пукањето во Куманово

ДУИ ги стопира сите денешни активности по вооружениот напад врз нивниот кандидат во Липково.

Од партијата велат дека одлуката е знак на солидарност и протест, сè додека, како што велат, институциите не преземат конкретни мерки за враќање на довербата и безбедноста.

Тие упатија и апел до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

Оружен инцидент во центарот на Куманово вчера ја потресе јавноста – кандидатот и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини, беше ранет од маскирани лица.

Напаѓачите отвориле оган врз него, при што се здобил со прострелни рани на рацете и нозете, но е надвор од животна опасност.

Министерството за здравство: Доктор Шаини е во стабилна состојба

Министерството за здравство со голема вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден докторот Зекирја Шаини.

Од таму известуваат дека повредите на докторот не се животно загрозувачки, тој е во стабилна состојба и се наоѓа во процес на опоравување.

Од ресорното министерство најавуваат целосна поддршка за докторот додека трае неговата рехабилитација и категорично осудуваат било какво насилство врз здравствените работници.

Безбедноста на медицинскиот персонал останува приоритет, а во таа насока ќе се работи на унапредување на мерките за заштита преку соработка со здравствените установи и локалните власти.

Министерството за здравство ќе учествува во целосно расчистување на случајот.

Јавноста се повикува на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот доктор и неговото семејство, се вели во соопштението на МЗ на Фејсбук.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе