Вести Македонија Топ вести

Првични индиции не упатуваат на политичка заднина зад нападот врз носителот на листата на ДУИ во Липково – ранетиот пулмолог Шаини е префрлен на скопските клиники

Носителот на листата на ДУИ за општина Липково, Зекирја Шаини е застрелан во вооружен напад во центарот на Куманово. Шаини кој е и лекар пулмолог е застрелан додека се возел со голф, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсница пред општина Куманово, на 50-тина метри од полициската станица во Куманово.

Од фотографиите на веб порталот Кумановскимуабети се гледа дека полициски службеници со автомати и панцири го обезбедуваат местото додека се врши увид. Голфот е на лице место, а повредениот Шаини имал рани на нозете. Бил контактибилен и е префрлен на скопските клиники.

Од обвинителството велат дека засега нема индиции за политички мотиви за нападот врз Шаини.

„Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, велат од обвинителството.

Од МВР излегоа со првични детали.

„Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш. (43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот“, одговорија од полицијата.

Во тек е потрага по напаѓачите и се врши увид на местото на настанот. Како првични мотиви се разгледуваат и семејни прилики.

Телма побара информација од портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми, но не добивме повратен одговор. Шаини е вработен како лекар пулмолог на скопската Клиника за пулмологија.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе