Вести Македонија Топ вести

Многу тинејџери и матуранти на кандидатските листи, најстариот кандидат има 97 години

Некои од нив можеби се уште се во средношколски клупи, најголем дел во мај биле матуранти, а со вадењето на првата лична карта оваа година решиле да го искористат и уставното право не само да гласаат туку и да се кандидираат. Вкупно три средношколски класови односно 78-мина на 18-годишна возраст се кандидати за советници на претстојните локални избори, покажува базата на податоци на ДИК.

Повеќе од половина се девојки односно 49 додека 29 се момчиња на 18-годишна возраст кои се кандидати. Иако поради законските обврски, партиите и коалициите треба да ги исполнат сите кандидатски позиции на изборните листи, а сите се над 10, најмладите порано често беа ставани на последните недобитнички позиции.

Но, на овие избори 18-годишници има и во врвот на листите и тоа на листи на парламентарни партии и коалиции. Нема носител, ама има еден кој е на втора позиција во голема општина и 6-мина кандидати кои се на трета позиција на листите.

18-годишниците не се единствените тинејџери кои се кандидати, во базата на податоци на ДИК има уште 152 кандидати кои имаат по 19 години.  Има 230 тинејџери на листите односно 2,2% од вкупниот број на кандидати.

Во анализата која лани ја правеше Вестминстер фондацијата стоеше заклучок дека без разлика на бројот на кандидати- младите се уште во македонската политика не се гледаат како актери или одлучувачи.

„На младите се гледа примарно како на реципиенти на политики и мерки, а многу помалку како на актери или агенти во нивното создавање и имплементација. Поконкретно, на младите најчесто им се доделува пасивна улога и (со одредени исклучоци) не се предвидени услови за повисок степен на нивна вклученост во процесот на одлучување, што би им овозможил директно да влијаат на политиките и мерките што ги засегаат“, Фондација Вестминстер.

Токму тоа го покажува бројот на млади кандидати за градоначалници. За разлика од многу тинејџери на советничките листи, на градоначалничките избори нема ниту еден под 20 години, а под 30 години има само 4-ца кандидати.

Телма направи увид и во базата на ДИК во која како најстар кандидат за советник е 97-годишна жена во општина Битола.

Таа имала 18 години, во 1946-тата и немала право на глас на демократски избори до 1990-тата односно кога веќе била пензионерка и имала 62 години. Над 90 години има вкупно 7 кандидати за советници од кои 5 се жени. Над 80 години има вкупно 71 кандидат за советник за локалните избори.

Толку возрасни и искусни нема на кандидатските листи за градоначалници, најстара е кандидатка за скопска општина која има 79 години, а уште 5 мажи се борат за градоначалничка позиција на возраст над 70 години.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе