Словачка нема да биде вовлечена во било каква воена авантура додека е на функција, порача словачкиот премиер Роберт Фицо во интервју на државната телевизија. Тој ги повтори критиките за пристапот на Европската Унија кон Русија, велејќи дека не сака да види пораз на Москва, туку да спречи уште една голема војна во Европа.
Фицо истакна дека самитите на ЕУ постојат расправи за начините како да се победи Русија, што е состојба на умот која ја опиша како опасна.
„Не знам дали тие луѓе се свесни што навистина значи војна. Можеби некој треба да ја потсети јавноста за ужасните страдања што беа предизвикани во минатото. Војната во Украина не е наша војна“, изјави Фицо во интервјуто.
Интервјуто со словачкиот премиер е објавено денеска на денот на одбележување на годишна комеморација за Битката кај превојот Дукла во 1944 година, кога доаѓањето на Црвената армија се смета за почеток на ослободувањето на Словачка од нацистичкото владеење.
Битката кај Дукла важи за најголема и најкрвата на територијата на Словачка во Втората светска војна и во која советкмите сили претрпеа најголеми загуби.
