Вести Економија Свет

Форум за штедење и инвестиции во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа

Европската комисија денеска во Брисел е домаќин на „Форумот на Виенската иницијатива 2025“, чие овогодишно издание се фокусира на релевантноста на проектот на ЕУ – Унија за штедење и инвестиции, за економиите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Форумот, на кој е најавено учество на гувернери на централни банки, министри, високи функционери на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, како и претставници на финансискиот сектор, ќе започне со воведно обраќање на еврокомесарката за финансиски услуги и Унијата за штедење и инвестиции, Марија Луис Албукерке.

Унијата за штедење и инвестиции е иницијатива на Еврокомисијата чија цел е создавање подобри финансиски можности за граѓаните и бизнисите преку зајакнување на потенцијалите на финансискиот систем за насочување на заштедите кон продуктивни инвестиции.

Од друга страна, Виенската иницијатива е рамка посветена на заштита на финансиската стабилност на Европа, функционирајќи како платформа за поврзување на приватниот и јавниот сектор, Европската комисија, релевантните институции на ЕУ и клучните меѓународни финансиски институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе