Вести Економија Топ вести

Нема договор за минималец од 500 евра, Владата смета дека ССМ барале многу пари

Многу пари барате. Ова бил одговорот од Владата на барањето на ССМ минималната плата да порасне на 500 евра, соопштија од синдикатот по завршување на состанокот.  Од таму нагласија дека нема изгледи за зголемување на минималецот, и дека не ја исклучуваат можноста од генерални штрајкови нешто што го правеле и за време на претходната влада, со образложение дека очигледно во нашата држава само на тој начин може да дојде до раст на платите.

  • Се обидоа да не искараат во Влада дека многу сме барале за работниците. Беше кажано дека многу бараме и дека пет луѓе во ССМ, се собрале и си прават чамче муабет, за работниците тоа е пораз, за владата уште поголем пораз, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Од ССМ соопштија и дека за жал останатите синдикати кои биле на состанокот не побарале буквално ништо и се сложиле со се што кажала владата. Дека синдикатите се разединети може да се види и од изјавите на претставниците на КСС и синдикатот КСОМ.

  • Премиерот јасно ја отвори темата зашто  ССМ и УПОЗ не сакаат да ги потпишат колективните договори во кои се нуди  7, 5, 5  и 7 заедно со минималната плата на покачување, тоа би значело негде во просек до 2028  од 50 до 60 проценти покачување, соопшти Благоја Ралповски од КСС
  • За жал ја она што го зборувам на разединети синдикати од другата страна имаме работодавачи. Тие само кога слушнаа дека се поставува точката на дневен ред одма меѓу себе се обединија и кажаа дека не биле спремни да разговараат, немале материјали, вели Маријан Ристески од КСОМ

Работодавачите пак сметаат дека треба да се внимава со платите затоа што економијата не е во најдобра состојба.

  • Во овој период економијата како што е би требало да бидеме малку повнимателни бидејќи зборуваме за намалена продуктивност, намалена работна активност а тие се двигатели на сите економско развоим, тврди Владанка Трајковска , претседател од ОРМ

Од владата пак сметаат дека за повисоки плати треба поголема продуктивност.

На состанокот се дискутирало и за новата кошничка на владата која ја скрои со образложение дека во онаа на ССМ има спорни работи.  Се уште не се открива што се ќе содржи, но најверојатно ќе има околу 100 производи.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе