Поради продор на северно воздушно струење, во петок температурата ќе биде за некој степен пониска. Па ќе преовладува сончево и малку посвежо време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 21°C, а максимумот од 28 до 35°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.5, Преспанско Езеро 23.5, Дојранско Езеро 26.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
