Вести Економија Македонија Топ вести

Штета од 5 милиони евра и кривични пријави за поранешни министри и функционери во ЕСМ

ЕСМ поднеле кривична пријава до финансиска полиција и до МВР против членови кои биле дел од претходните два управни и надзорни одбори во електрани како и против високи функционери во претходната Влада поради серија одлуки поврзани со закупот на капацитет за гас во новиот терминал во Александрополис во Грција,  со образложение дека истиот не може да се користи. Ова беше истакнато на денешниот брифинг во енергетика на кој присуствуваа директорите на ЕСМ, МЕПСО И МЕМО.  Но, дали оваа пријава ќе биде прифатена ќе се знае во следниот период

„Согласно член 353 од кривичниот законик тие несовесно постапувале и не ги штителе интересите на компанијата и на државата и досегашната штета изнесува над 5 милиони евра“ изјави Лазо Узунчев, генерален директор на ЕСМ.

Како што беше посочено на брифингот  штетата се однесува за закуп на прекуграничен капацитет и закуп во ЛНГ терминалот.

Според, информации на Телма во пријавата е и поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој за Телма вели дека не е запознаен со ова, но и дека целата документација за потпишувањето на овој договор е во Влада и во ЕСМ и секој може да ја провери.

Претходно од ЕСМ соопштија дека тие како компанија месечно за овој закуп на капацитет за гас кој не можел да се употребува  плаќа над  250 илјади евра.

Од претходната влада која го потпиша договорот за Александрополус тогаш објаснуваат дека во иднина ќе овозможи снабдување со гас од повеќе извори. Во овој проект вклучени беа и Србија и Бугарија.

Во меѓувреме ЕСМ ќе се задолжи со нови 30 милиони евра од домашна банка. Но, од која директорот  Узунчев не сакаше да открие со  образложение дека се пред потпишување на договор. Најверојатно тоа ќе се случи идниот  понеделник. Каматата би се движела до 3, 5 проценти, а парите се потребни за покривање на доспеани обврски.

Лани електрани се задолжи за 82 милиони евра исто на домашен пазар и овие пари се речиси целосно искористени. Неделава  треба да се донесе и нова цена на струјата за домаќинствата која сега изнесува 62 евра за мегават час. Пресметките се доставени, и најверојатно нема да има промени.  И покрај  ваквите задолжувања, помалку произведената струја во првиот квартал и разликата во цена по која ЕСМ ја продава струјата за домаќинствата и онаа по која ја произведува, очекувањата во електрани се дека годинава ќе ја завршат со позитивна нула.

„И еден цент добивка ако оствариме тоа ќе биде добро“ додава Лазо Узунчев генерален директор на ЕСМ.

ЕСМ извесен период се бори со ликвидноста. Според, последниот извештај загубите на компанијата надминуваат 120 милион евра.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе