Македонската Влада стави потпис на документот за договор за соработка со Британската агенција за извозно кредитирање. Таму се наоѓа делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски кој всушност и се потпиша на договорот.
-Денес потпишуваме договор меѓу двете влади што го нарекуваме меѓувладин договор за развојни инфраструктурни проекти во клучни сектори како што се транспорт образование животна средина, информатичка технологија и други сектори кои ќе ги развиваме. Тука е и здравството. Ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница коридор 10 здравствениот проект за болници и секако проектот за образование и медицинскиот факултет а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во енергетиката и животната средина, изјави Николоски.
-Инфраструктурните инвестции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Тоа е наша заедничка цел, за нашите Влади. Ова партнерство е новиот темел за поддршка на ваквата испорака и да се поттикне растот и да се споделат најдобрите пракси меѓу нашите две нации и односот да дојде на едно ново ниво, изјави Томас.
Министерката Кочоска пак рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса.
Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како министерство за финансии покај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции. затоа што тоа го налага законот. Така што во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. она што го знам и го имам како информација се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга, рече министерката кочоска.
За дел од проектите кој се планира да се градат со овие пари, предвидени се средства прек кредити и во домашниот буџет. Дали ќе има потреба сега таму да се крати и да се префрлат парите во други ставки, Кочоска кажа дека тоа ќе зависи од тоа колку и што направите институциите за проектите.
Домашните бизнисмени се надеваат дека ќе успеа да се изборат да бидат дел од градежните активности на проектите кои се планира да се градат со парите од Британија.
Она за што најмногу се зборува деновиве во јавноста е изградбата на брзата пруга односот коридорот 10. Македонскиот дел е од Табановце до Гевгелија. Проект нема и допрва ќе се работи со градежниот факултет но надлежните се во надеж дека првичните активно ќе почнат на есен. Освен болница во Кичево и Штип сега се споменува дека со овие пари ќе се гради и нов клинички во Скопје.
Ирена Чачкова