Пред да биде изгласан новиот Закон за енергетика, кој се работеше долго време, стигна амандман од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски со кој се бара да биде избришана точката од членот 47. Со тоа за членови во Регулаторната комисија ќе можат да се бираат лица од енергетските компании, нешто што досега беше ограничено.
Односно досега според членот 47 од Законот за енергетика, секој новоизбран член во РКЕ најмалку две години пред да биде именуван да не биде дел од надзорен и управен одбор на друштво од енергетски сектор.
Но, дали со ова би се отворил простор за можни малверзации пратеникот Бојан Стојановски за Телма тврди дека тоа нема да се случи и дека ако остане ограничувањето, тешко ќе бидат избрани квалитетни кадри.
„Целта е да се прошири опфатот на експерти кои можат да конкурираат за такво место, бидејќи сакаме да ги избереме најстручните кадри“, вели Стојановски
Регулаторната комисија за енергетика освен претседател има уште шест члена. Предлог законот за енерегетика се чека да биде донесен во текот на месецов.
Ирена Чачкова