Вести Економија Топ вести

За Велигден електросистемот бил пред колапс, регулаторна дала дозвола да се исклучуваат фотоцентрали

За време на велигденските празници македонскиот електросистем систем бил пред колапс поради вишок на струја, кој се јавил од производството на фотоцентралите во државава. Количините немало каде да се пласираат заради намалената потрошувачка, па така системот бил загрозен. Регулаторната комисија донела вонредна одлука со која на МЕПСО и на Електродистрибуција им се дало правото, од 18 до 21 април кога тие ќе проценат дека треба, од мрежа да исклучат производители на струја, по што биле отстранети неколку соларни централи.

Ваков проблем се очекува да се јави и за празникот први мај, но од МЕСПО уверуваат дека се прават напори да се стабилизира системот.

Имаше предизвици во текот на викендот и затоа се преземени тие мерки но за тоа ќе имаме и посебен настан на кој сакаме и да ве брифираме. Правиме максимални напори да го стабилизираме системот и да немаме никакви проблеми во целата мрежа, вели директорот на АД МЕПСО Бурим Љатифи.

И министерската за енергетика Божиновска, пред неколку дена на брифинг истакна дека ваков проблем бил регистриран и во Грција.

МЕПСО сѐ уште го враќа и долгот од трговците со струја кој го направија кон компанијата за време на енергетската криза. Во сопствената каса треба да врати уште 7,2 милиони евра, износ кој стои веќе подолго време.

Дел од компаниите со кои е потпишан договорот за репрограмирање на доспеаните, а неплатени фактури континуирано си ги плаќаат сегашните фактури и ратите од репрограмираниот долг со камата. Други во целост ги подмирија долговите, а за останатите се преземени сите правни мерки за наплата, односно покренати се соодветни извршни постапки и постапки по нотарски платен налог. Во моментов долговите изнесуваат 7,2 милиони евра, посочи Љатифи.

За да се заштити МЕПСО од нечесни трговци се зголемува банкарската гаранција од 16 на 80 илјади евра за сите оние кои ќе сакаат да соработуваат со преносниот систем. Ќе се прават и одредени други измени.

За време на кризата неколку трговци направија милионски долг кон МЕПСО. За да не плаќаат струја по многу повисоки цени ја користеа балансираната на МЕПСО, која пак ја влечеше од Европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност да плаќа пенали. За ова пишуваше и државниот ревизор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе