Вести Економија Топ вести

Ќе се штити МЕПСО од нечесни трговци

Се зголемува износот на банкарските гаранции за трговците кои сакаат да работат со преносниот систем МЕПСО. Наместо 16 илјади,  вредноста на гаранцијата ќе биде над 80 илјади евра. Се крати и рокот од 60 на 25 дена,  во кој ЕВН ќе треба да направи пресметка  колку овие трговци направиле отстапувања и колку за тоа треба да му платат на МЕПСО.

Сето ова  е одобрено од Регулаторната комисија за енергетика , по барањата  од МЕПСО да се изменат правилната за балансирање на електроенергетскиот систем. Со ова о од Министерството за енергетика очекуваат дека ќе се воведе поголема дисциплина на пазарот со струја, а трговците нема да можаат повеќе  да прават големи долгови кон МЕПСО. Тоа се случи за време на енергетската криза, кога неколку трговци со струја направија милионски долг кон преносниот систем, кој тешко го враќаат во сопствената каса.

Тогаш дел од експертите сугерираа дека во овој дел мора да има измени. Меѓу компаниите кои станаа должници се најде и онаа на синот на поранешниот висок функционер Муса Џафери, Аријанит Џафери.

За време на кризата овие трговци за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисоки цени,  ја користеа балансираната на МЕПСО која пак ја влечеше од Европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност за плаќање на пенали.  Долговите на трговците се најдоа и во извештаите на Државниот ревизор.

Исто така, се размислува во следниот период  да се зголеми и износот на основачкиот влог за отворање на фирма за трговија со струја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

Дејан Дејан

Природата како модна инспирација: Талентот на учениците од „Шаип Јусуф„

Дејан Дејан

Двапати неделно до Барселона, трипати до Лион – најавени и нови дестинации од скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе