Вести Економија Топ вести

Висат ли проектите поради одземените лиценци во градежништвото?

Неизвесно е што ќе се случува со некои градежни проекти, откако Министерството за транспорт по проверките состави листа со компании на кои треба да им се одземат лиценците за градежништво и урбанистичко планирање. Оваа акција дојде по трагедијата во Кочани. На пример во Општина Пласница, 70 отсто проект за патна инфраструктура е завршен, но во меѓувреме се носи одлука на операторот да му се одземе лиценцата. Исто и во Охрид, направен е избор на фирма која треба да врши градежни работи на училиште, но и тука за компанијата има иста одлука. Генерално станува збор за проекти во Општините. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека поради ова не очекува поголеми проблеми.

„Може да се јави одреден застој заради повторување на постапката за јавна набавка“, вели за Телма, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

На листата на транспорт се најдоа 479 компании за кои е констатирано дека треба да им биде одземена лиценцата. Но, анализата од Центарот за граѓански комуникации покажува дека бројката е помала, односно станува збор за 426 со образложение дека некои фирми се повторуваат, а на некои ќе им бидат одземени повеќе лиценци. Во анализата стои и дека третина од фирмите кои треба да останат без овој документ се со блокирани сметки.

Центар за граѓански комуникации

Активност на фирмите

  • 71 % од фирмите се активни
  • 28 % од фирмите се неактивни или со блокирани сметки

Околу 50 компании имаат и активни договори за јавни набавки во вкупна вредност од 26 милиони евра. Но, лиценцата што ќе им се одземе е релевантна за договор кај речиси половина од нив или кај 23 фирми. Сепак, најголем дел од фирмите се со ниски годишни приходи – 30 отсто со помал од 15.000 евра, а само 8 проценти од нив се со приходи кои надминуваат милиони евра.

Центар за граѓански комуникации

Вработени во фирми за одземање лиценци 

Вкупно вработените во сите фирми 2.188 луѓе

  • 4 % од фирмите немаат вработени
  • 3 % од фирмите имаат само 1 вработен
  • 3 % од фирмите имаат повеќе од 10 вработени

Вкупно во овие 426 фирми работат над 2.000 лица. Пред извесно време, министерот Николовски на прес соопшти дека по проверките, 15 отсто од фирмите со лиценца за изградба, проектирање и надзор не ги исполнуваат условите за работа. Тогаш се споменуваше дека има и такви кои се занимаваат со изградба на мостови, мали хидроцентрали, згради и државни објекти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе