Вести Економија Топ вести

Третина од фирмите кои ќе останат без лиценца се со блокирани сметки или неактивни

Третина од фирмите кои Министерството за транспорт ги стави на листа за да им ги одземе лиценците поради неисполнување на услови, имаат блокирани сметки или се  неактивни. Ова го покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации.  Односно 70 отсто од нив се активни другите не.

Во истражувањето се наведува дека од вкупно 479 компании кои се на списокот, всушност 426 ќе останат без лиценци,  со образложение дека има фирми кои се повторуваат,  а на други пак ќе им бидат одземени не една туку  неколку лиценци.

Исто така, во анализата се наведува и дека околу 50 компании имаат актуелни договори за јавни набавки и тоа во вкупна вредност од 26 милиони евра. Но, само на половина од нив кои имаат важечки договор,  лиценцата која ќе им биде одземена им е услов за добивање на тендерот.

Се наведува и дека најголем дел од овие фирми остваруваат ниски годишни приходи. Во сите овие компании работата вкупно 2.188 лица. Во 3 отсто од нив имаат повеќе од 10 вработени, а 4 проценти немаат вработени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе