Вести Економија Свет

Азиски акции во пораст по предомислувањето на Трамп

Сите финансиските пазари во Азија и Европа остварија добивки откако Доналд Трамп објави 90 дневна пауза за земјите погодени од американски царини, освен Кина која доби царини од 125 отсто.

Азиските акции пораснаа, Јапонија бележи раст од 9 отсто, додека Индонезија повишување за 5 отсто. Аналитичарите очекуваат регионално враќање и подобрување на состојбата на берзите, сепак многу се на ставот дека е се уште нестабилно и заканата од рецесија не е исклучена.

„Сè е сè уште многу нестабилно, бидејќи со Доналд Трамп, не знаете што да очекувате. Ова е навистина голема неизвесност на големиот пазар, заканата од рецесија не е исклучена, а еден од најважните показатели е дека каматните стапки во САД скокаат“ изјави Френсис Лун, извршен директор на Geo Securities.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Јасни, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“ изјави Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.

Земјите-членки на ЕУ вчера се согласија на одмазднички тарифи од 10 до 25 отсто за американскиот увоз, што треба да се применат од следната недела, како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум воведени пред околу еден месец. Кинеските одмазднички тарифи од 84% за целиот американски увоз стапуваат на сила, при што Пекинг повтори дека нема да отстапи.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лагард: Инфлацијата сè понестабилна поради глобалните шокови

Дејан Дејан

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе