Вести Економија

Дизелот и Еуросупер БС-95 поевтинуваат за два денара, Еуросупер БС-98 за два и пол денари од полноќ

Дизелот и Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на Еуросупер БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 е 74 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 76, дизелот за 66,5 денари, а Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,041 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на  Мазут М-1 НС и ќе се продава за 38,965 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,268 отсто, кај дизелот за 4,58, кај екстра лесното масло за 4,57 и кај мазутот за 3,281 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе