Кошарка Спорт

Денвер ја прегази Јута, Детроит го совлада лидерот Кливленд (ВИДЕО)

Денвер дојде до убедлива победа против Јута од 129-93 во рамки на НБА-лигата. Никола Јокиќ постигна 27 поени со 14 скока, а ја прескокна цела последна четвртина пораду убедливата предност на Нагетс, кои на овој натпревар играат и без Џамал Мареј. Денвер сега има две победи предност пред Лос Анџелес лејкерс и Мемфис во битката за третото место во Западната конференција.

Детроит го совлада Кливленд со 133-122. Тим Хардавеј Јуниор имаше 32 поени за Пистонс и со оваа победа, Детроит и математички ќе ја заврши првата сезона со позитивен ефект уште од 2016 година. Донован Мичел за Кавалирс постигна 38 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим да се врати со победата од гостувањето.

На останатите натпревари:
Бруклин – ЛА Клиперс 100-132
Торонто – Шарлот 108-97
Милвоки – Њујорк 107-116
Минесота – Феникс 124-109
Њу Орлеанс – Голден Стејт 95-111

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурофарм Пелистер се засили со српскиот бек Алекса Колаковиќ

Sportska Redakcija

Официјално: Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос по 14 години

Sportska Redakcija

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе