Спорт Фудбал

Шкупи и Воска повторно на „црната листа“ на ФИФА, а сега им се приклучи и еден женски клуб

ФИФА казни три македонски фудбалски клубови со забрана за трансфери во следните три преодни-рокови.

На црната листа на ФИФА повторно се најдоа Шкупи и Воска. Овие два македонски прволигаши не можеа да купуваат нови играчи во изминатиот зимски преоден рок поради идентична казна. Во меѓувреме, скопскиот и охридскиот клуб исплатија дел од долговите кон странските играчи поради кои добија казна, но очигледно не се решени сите финансиски проблеми па повторно добија забрана за регистрација на нови фудбалери.

На списокот на казнети македонски клубови се најде и женскиот фудбалски клуб Љуботен, кој исто така ќе има забрана за трансфери во следните три преодни рокови.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурофарм Пелистер се засили со српскиот бек Алекса Колаковиќ

Sportska Redakcija

Официјално: Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос по 14 години

Sportska Redakcija

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе