Европската централна банка планира да ги намалува каматите, иако инфлацијата во еврозоната е над нејзината целна вредност од 2%. Според податоците, инфлацијата во јануари изнесувала 2,5%, што е половина процентен поен над целта на ЕЦБ.
Сепак, се очекува денеска банката да го објави шестото по ред намалување на референтната каматна стапка, за четврт процентен поен, на 2,5%. Основната причина за намалувањето на каматите е проценката дека инфлацијата е под контрола.
Иако растот на цените во еврозоната е поттикнат од зголемените цени на услугите, кои во јануари се зголемиле за 3,9%, се очекува дека стапката на инфлација ќе се приближи до 2% во текот на годината.
ЕЦБ не ги зема во предвид потенцијалните последици од американските царини за Европа при донесување на одлуките за каматите, бидејќи е тешко да се предвидат идните трговски политички случувања.
Исто така банката се фокусира на постоечките економски податоци, кои покажуваат дека економската активност во еврозоната останува бавна, а инфлацијата, иако висока, постепено ќе се намалува.
ЕЦБ верува дека намалувањето на каматите ќе има ограничен ефект на економијата, а намалувањето на кредитната побарувачка од страна на компаниите покажува дека тековните камати не ја забавуваат економската активност.