Вести Економија

КЗК потврдува дека е отпочната прекршочна за четири маркети и ССК

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата за Телма потврдија дека е отпочната прекршочна постапка за четири големи синџири маркети и Сојузот на стопански комори.

Од таму нема да даваат било какви инофмрации се додека тече рокот во кој тие можат да ги достават своите аргументи кој комисијата ќе ги разгледа и кога ќе донесе финална олдука дали ќе бидат канзети или дали ќе се соопшти во јавноста.

Во мѓувреме од Комисијата додаваат и дека не се утврдени нови картелски здружувања. Според документот до кој дојде Телма четири големи маркети и Сојузот на стопански комори комисијата утврдила дека постапиле спротивно на законот, бидејќи на состанок утврдиле дека нема да примаат нови ценовници од добавувачите до крајот на март.

Од ССК се изненадени од одлуката на антимонополската комисија, бидејќи никогаш не се мешале во комерцијалната политика на економските оператори.

Во документот од Комисијата стои дека маркетите и комората на почетокот на февруари во Комората одржале состанок на кој според заклучокот на антимонополската комисија склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе