Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска посочи дека овие законски измени ќе придонесат и за конкурентност меѓу самите трговци.
Со овој закон со објавување на цените на сите поединечни производи на веб страната и на рафтовите од трговците, потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец.
Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, со што е искучуваат микротрговците и трговците поединци.
Со објавувањето на цените на веб страниците на маркетите ќе се зголеми транспарентноста, фер односот и заштитата на потрошувачите.
Со овие измени, исто така, се дава овластување на инспекторите да извршат проверки, доколку видат неусогласеност на цените.