Економија Магазин

ТЕЛМА Инста Анкета: Наместо за пратенички патни трошоци, тие пари да се трошат за медицински апарати и за талентирани деца. Месото и млечните производи најмногу поскапеле.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека треба да се укинат патните трошоци за пратениците и тие пари да се потрошат за други побитни работи потребни на граѓаните, покажува изјаснувањето на следбениците на инстаграм профилот на Телма во анкета спроведена на почеток на неделата. На 4 прашања им понудивме по 4 одговори, а ги прашавме и граѓаните што најмногу им поскапело.

На инстаграм профилот на Телма, секоја недела преку објави на Story правиме мини истражувања за актуелни теми и го мериме пулсот на граѓаните. На анкетните прашања одговараат следбениците (followers) на инстаграм профилот на Телма, како и сите оние кои го посетуваат профилот. Напоменуваме дека не станува збор за репрезентативна анкета туку за интерно истражување од заинтересираните следбеници на IG профилот.

На прашањето „Дали да се укинат патните трошоци за пратениците?“, 133-ца одговориле со Да, секако, што претставува 68% од оние што се изјасниле. Четвртина од оние што гласале, велат дека патните трошоци за пратениците треба да бидат на ниво на месечна карта за автобус, воз или градски превоз. Минимален, приближно ист број на гласови, добиле опциите „Не, законски им следува“ и „Треба да се воведат за сите“ вработени.

  •  Дали да се укинат патните трошоци за пратениците?
  • -Да, секако 133 гласа (68%)
  • -Не законски им следува 7 гласа (3%)
  • -Треба да се на ниво на месечна карта 49 гласа (25%)
  • -Треба да се воведат за сите 8 (4%)
  • Вкупно гласови 197

На прашањето „За што е подобро да се користат тие пари (патни трошоци за пратениците)?“, најмногу гласови, речиси половина, доби опцијата медицински апарати, па талентирани деца, потоа понудената алтернатива „за борба против корупцијата“.  Граѓаните секако гледаат дека тие пари може да се пренаменат за други потреби кои ќе им служат на сите, иако предложениот закон не помина и остана без поддршка на владеачкото мнозинство.

  • За што е подобро да се користат тие пари?
  • -За талентирани деца 44 гласа (24%)
  • -За медицински апарати 91 глас (49%)
  • -За студентски оброк 23 гласови (12%)
  • -За борба против корупција 29 гласови (15%)
  • Вкупно гласови 187

Поскапувањата се дел од секојдневието на граѓаните кои на анкетата на инстаграм профилот на Телма, посочија дека најголемо поскапување гледаат кај цените на месото и млечните производи. Тоа го мислат речиси две третини (122 гласови) од оние што одговориле на анкетата. Зеленчукот е на второ место. Најмалку гласови, само 5 добил одговорот дека Нема голем скок на цени.

  • Што е најмногу поскапено?
  • -Зеленчук и овошје 55 гласови (29%)
  • -Месо и млечни производи 122 гласови (64%)
  • -Облека и обувки 8 гласови (4%)
  • -Нема голем скок на цени 5 гласови (3%)
  • Вкупно гласови 190

Што да се преземе односно „Кој има најдобар план за намалување на цени“ беше прашањето на кое граѓаните изгласаа „Граѓаните со бојкот“. На ова прашање имаше порамномерен распоред на одговорите, но на второ место е опцијата „Треба истраги на МВР и обвинителство“ за да се проверат сомнежите за ујдурми при правење на цени кои удираат по џебот на граѓаните. За „ограничување на маржите на владата“ на трето место гласале нешто повеќе од 5-тина од оние што одговориле на прашањето.

  • Кој има најдобар план за намалување на цени?
  • -Владата со ограничување на маржи 38 гласови (22%)
  • -Трговците со понуда да поевтинат 100 производи 20 гласови (12%)
  • -Граѓаните со бојкот 73 гласови (42%)
  • -Треба истраги на МВР и обвинителство 42 гласови (24%)
  • Вкупно гласови 173

Напоменуваме дека не станува збор за репрезентативна анкета туку за интерно истражување од заинтересираните следбеници и посетители на Instagram профилот на ТВ Телма. Анкетата беше спроведена во рок од 24 часа меѓу недела (16.02.2025.) и понеделник (17.02.2025.).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе