Министерката за финансии ќе дозволи годишните завршни сметки да бидат потпишани по стариот закон, а за следната ќе има комплетно нов Закон за сметководители, за кој уверува дека ќе има јавна дебата.
Ова доаѓа откако група сметководители влегоа во војна со Институтот за сметководители за кој вчера од протестот пред финансии обвинија дека им се прави тортура и бараат да се намали влијанието на ова тело.
Бараат и измени во законот со кој би се намалил бројот на задолжителни часови за обука.
Членови од Институтот пак денеска беа на средба со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, партиите кои во Собранието доставија предлог измени на Законот за сметководители по скратена постапка а по барање на групата сметководители.
Велат дека и тие во најкус можен рок ќе ги достават своите барања, посочувајќи дека неформална група сметководители вршат притисоци и бараат да ги исполнуваат своите обврски надвор од законите и да им се дозволи да работата во сива зона.
Министерската Кочоска пак кажа дека ќе ги слушне двете страни, а во креирањето на законот ќе бидат вклучени сите. Изнесе и забелешки околу лиценците кои за работа ги добиваат самите сметководители.