Вести Спорт Топ вести

Збогување со еден од најдобрите југословенски и европски кошаркари – Дражен Далипагиќ погребан во Белград

Во собранието на Град Белград денеска се одржа комеморација по повод смртта на еден од најдобрите југословенски и европски кошаркари, Дражен Далипагиќ. На збогување со популарниот „Праја“ се собраа голем број на големи спортски имиња.

Далипагиќ, најдобар стрелец во историјата на југословенската репрезентација и на КК Партизан, освојувач на 12 медали од големите натпреварувања, европски, светски и олимписки шампион, почина во саботата на возраст од 74 години.

На комеморацијата, покрај семејството, присуствуваа најважните луѓе на српската и југословенската кошарка, од соиграчите Драган Киќановиќ, Зоран Славниќ, Драган Тодориќ, Ратко Радовановиќ, Жељко Јерков, до селекторот Светислав Пешиќ, првиот човек на Евролигата, Дејан Бодирога, претседателот на КСС, Небојша Човиќ, претседателот на ОКС, Божидар Маљковиќ потоа Предраг Даниловиќ, Жељко Обрадовиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Зоран Савиќ и други.

Во име на семејството пред присутните се обрати познатиот тренер, Душко Вујошевиќ.

„Свесни сме дека замина еден од најдобрите од нас. Знаеме се за него. Со 19 години имаше среќа да дојде во Партизан, кај Ранко Жеравица, и тогаш кошарката почна да излегува во преден план, покрај фудбалот и ватерполото. Во него имаше кошаркарска ДНК и тогаш почна да се создава култ од Партизан. Беше чесен и скромен, фантастичен човек, сигурно еден од најдобрите кошаркари на Европа на сите времиња. Беше голем Југословен и никогаш не го криеше тоа. Тешко ги поднесе случувањата во земјата, а колку ја сакаѓе доволно говори фактот дека не остана во Бостон, бидејќе ќе загубеше право да игра за репрезентацијата. Сигурен сум дека ќе беше најдобар стрелец во НБА лигата, се до Мајкл Џордан“, рече меѓудругото Вујошевиќ.

Погребот на Дражен Далипагиќ беше денеска во 13:15 часот на Новите гробишта во Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе