Спорт Фудбал

Коло Муани до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Јувентус

Рандал Коло Муани е нов фудбалер на Јувентус. Французинот денеска ја комплетираше позајмицата од таборот на ПСЖ до крајот на оваа сезона, но во договорот помеѓу двата клуба нема откупна клаузула.

Италијанскиот состав целосно ќе ја плаќа платата на напаѓачот до 30 јуни 2025 година. Коло Муани не се снајде најдобро во ПСЖ по огромниот трансфер од 95 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт во летото 2023 година.

Сезонава за парижаните одигра 14 натпревари во сите конкуренции и постигна два гола со една асистенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе